Стопанската комора на Македонија, согласно интересите и барањата на своите членки, како една од клучните определби го поставува и прашањето за активно вклучување на бизнис-заедницата во процесот на креирање политики, како и искажување на интересите на членките на Комората пред надлежните државни органи и институции, посебно во подготвувањето на стопанското законодавство, мерките и механизмите за деловното функционирање и подршка на бизнис секторот.
Целта на одржувањето на Тркалезната маса беше преку дијалог да се отвори дебата за ефектите од досега преземените мерки како и чекорите кои треба да бидат направени за стимулирање на развој на дејноста во насока на постигнување поголеми економски ефекти, тргнувајќи од светскиот тренд на една од најбрзо растечките гранки и согласно големиот развоен потенцијал на дејноста угостителство и туризам.