fbpx

Како до директни резервации без провизии?

од Игор Дамчевски
Како до директни резервации без провизии?

Ако сте дел хотелската индустрија веќе сигурно ја знаете улогата и значењето кое го имаат Онлајн Туристичките Агенции (ОТА) врз работата на вашиот бизнис. Веројатно и дека најголем дел од резервациите ви пристигаат од Booking.com или сличен сајт на кој сте го регистрирале вашиот хотел. Овие агенции се интернационално познати, постојат повеќе години и одлично си ја вршат работата – го рекламираат вашиот хотел и ви носат гости. Најдобро од се е тоа што за ваквата реклама и нивниот ангажман вие им плаќате само доколку и вие имате заработка, т.е. само доколку гостите направат резервација токму во вашиот хотел.

Но дали ваквите агенции полека ви стануваат партнери во профитот и дали можете без нив?!

Премногу битни за да се занемарат

Позади ваквите ОТА сајтови стојат мулти-билионски компании со мулти-милионски годишни маркетинг буџети, што им ја дава моќта и влијанието кое го имаат врз вашата целна група – потенцијалните гости. Популарни се затоа што ги пласираат сите релевантни податоци за сите хотели на едно место, па гостинот едноставно може да спореди и одлучи каде ќе резервира и престојува. Дополнително, за оваа погодност гостинот не плаќа ништо, а често дури и добива бонуси и придобивки ако направи резервација преку ОТА сајтот.

За сето тоа ПЛАЌАТЕ ВИЕ – хотелиерите. Цените на провизиите во последните години пораснаа речиси двојно, па така одредени агенции наплаќаат и до 25% за секоја примена резервација!


Доколку гостинот ви се јави по телефон или ви испрати e-mail за директна резервација – не плаќате провизија никому, така?! Тогаш зошто на резервациите преку интернет губите 15% или 20% ?? Нема како поинаку, агенциите носат многу гости, мора да им платите за да ги наполните собите … или можеби не??

Постои подобар начин

Маркетинг. Не реклама .. Маркетинг стратегија. Сѐ се сведува на тоа каков начин ќе избирате за да го спроведете маркетингот за вашиот хотел.

Со ефикасна маркертинг стратегија и квалитетни канали на продажба, по извесно време, значително ќе го намалите трошокот за провизии кон Онлајн Туристичките Агенции.

Вашиот хотел и понатаму ќе биде присутен на Booking и Expedia, па дури и на повеќе сајтови отколку што е сега, но само за БЕСПЛАТЕН МАРКЕТИНГ. Гостите ќе резервираат директно на интернет страницата на вашиот хотел, а своите впечатоци за престојот и понатаму ќе ги објавуваат на TripAdvisor.

ОК, како до директни резервации без провизии?

Подобрувањето на каналите за директни резервации е клучен елемент во трансформацијата на маркетинг стратегијата за еден хотел.

Гостите избираат да резервираат преку Booking.com затоа што им е познато и едноставно.

Тоа што ВИЕ треба да го направите е да им го овозможите истото – едноставен пат до брза резервација. Способноста вашата интернет страница да ги привлече и прими потенцијалните резервации е од клучна улога во овој процес. Доколку нудите подобри услови за истата цена, гостите ќе бидат мотивирани да резервираат дирекно наместо преку онлајн агенција. Степенот до кој ќе ги усовршите каналите на директна продажба и резервации ќе ви го одреди соодносот на резервации за кои плаќате провизија и оние од кои целиот профит е само ваш.

Доколку сте спремни да го изберете правилниот начин и да ја подобрите директната продажба, побарајте стручна помош и консултации од специјализирана консултантска компанија.