fbpx

Гостите очекуваат квалитетен хотелски појадок

од Игор Дамчевски
Гостите очекуваат квалитетен хотелски појадок

Постојат два типа на гости во хотелите: тие кои сакаат да знаат во кое време хотелот го служи појадокот и тие кои сакаат да знаат дали имаат време да се наспијат пред хотелот да престане да служи појадок. Без разлика на кој тип на гостин се тие, секако, ќе сакаат да бидат сигурни во квалитетот и разновидноста на појадокот кој го служите.

Ривјуата (reviews), кои гостите ги остааваат на социјалните мрежи и Онлајн Туристичките Агенции, се едни од најважните елементи на онлајн репутацијата на хотелот. Затоа, хотелиерите би сакале да бидат сигурни дека јадењата ќе ги задоволат потребите на гостите, започнувајќи од овие 5 најважни елементи на појадокот:

Квалитетно кафе и чај

Можеби една од најосновните и интернационални понуди во склоп на појадокот се квалитетно кафе или топол чај. Тие најчесто треба да се послужени веднаш штом гостите седнат на масата, дури пред тие да ги разгледаат опциите за појадок. Без разлика дали е кафе или црн чај, кофеинските пијалоци се првото нешто што гостинот би го посакал за почеток на денот.

Појадок полн со јаглехидрати

Од полни палачинки до француски корасани, јадењата кои се полни со јаглехидрати се едни од најомилените опции за појадок во хотелите, без разлика на државата.

Доколу појадокот се состои од леб и бели пецива, тој ќе биде потполно прифатен од страна на гостите бидејќи ќе ги задоволи утринските потреби за јаглехидрати.

Изобилство на протеини

Во западните држави многу често се наидува на комбинација од пржени јајца и сланина, што изобилува со протеини. Хотелиерите не смеат да си дозволат да ги изостават таквите јадења од своите појадоци, како што се млечни и сувомеснати производи.

Овошје, во било каква форма

Овошјето можете да го послужите на различни начини, со житарки, како десерт, овошна салата или само по себе, но несомнено е дека тоа ја зголемува разновидноста на појадокот и го прави да изгледа повпечатлив. Секако, најважен е фактот што ја дава здравата страна на појадокот. Од банани до популарното авокадо, хотелиерите треба сами да одлучат за каков тип на овошје ќе внесат со појадокот, што ќе ги направи нивните гости позадоволни.

Традиционални појадоци

Со служењето на традиционалната кујна за појадок, хотелиерите ја даваат својата уникатност на гостите, особено како почеток на денот. Овој тип на појадок не смее никако да биде изоставен, затоа што го дава впечатокот на државата или градот во која се наоѓа хотелот, а гостите ќе бидат повеќе од среќни да ја вкусат локалната кујна.

Квалитетниот појадок значително ја зголемува вредноста на хотелот во кој гостите престојуваат, како и нивното задоволство и искуство.

Појадокот директно влијае на онлајн репутацијата која ја има хотелот, а е изградена од гостите. Тоа го прави овој оброк еден од најважните елементи на хотелите.