Краток водич за разликите кај хотелските категории

од Игор Дамчевски

Категоризација

Извадок од целосната листа на критериуми

Турист

·         Сите соби да се со туш кабина и тоалет или када со тоалет
·         Секојдневно чистење на собите
·         Сите соби мора да се со телевизор во боја, заедно со далечински управувач
·         Маса и стол
·         Сапун и гел за туширање
·         Рецепција
·         Факсимил на рецепција
·         Телефон достапен за употреба на гостите
·         Обемен појадок
·         Понуда на пијалоци во хотелот
·         Можност за чување на вредни работи во хотелски сеф


S

Супериор
Турист

Хотелот станува Супериор кога дополнителните услуги не се доволни за да премине во повисоката категоризација. Бањите најчесто се исти со тие на хотелите со две ѕвезди, но се направени од поевтини материјали.

★★

Стандард

Допоплнително на хотелите со 1* :

·         Шведска маса за појадок
·         Светло за читање до креветот
·         Есенцијални масла или гел за туширање
·         Пешкири за капење
·         Пешкири во бањата
·         Полици за прекривки и пешкири
·         Производи за лична хигиена (четка за заби, паста за заби, пена за бричење и брич)
·         Можност за плаќање со кредитни картички

★★
S

Суипериор Стандард

Хотелот станува Супериор кога дополнителните услуги не се доволни за да премине во повисоката категоризација. Супериор Стандард хотелите најчесто го нудат истото ниво на услуга како и оние со три ѕвезди, но интериерот е многу помал и поевтин, што значи дека не му се доделуваат три ѕвезди.

★★★

Комфорт

Дополнително на хотелите со 2* :

·         Рецепција која отворена 14 часа, достапна 24 часа преку телефон во и вон хотелот, билингвален персонал
·         Униформирани рецепционери, сервис за пренос на багаж
·         Понуда за пијалок во соба
·         Телефон во соба
·         Пристап до интернет во собата и во останатиот дел од хотелот
·         Греење во бањата, фен за коса, марамици за чистење
·         Големо огледало, место за оставање на куферот
·         Сет за шиење, сет за чистње на кондурии, перална и служба за пеглање
·         Дополнителна перница или покривка доколку се побарани

★★★
S

Супериор
Комфорт

Хотелот станува Супериор кога дополнителните услуги не се доволни за да премине во повисоката категоризација. Сместувачките капацитети треба да бидат модерни и целосно реновирани кои редовно ќе бидат прегледани.

★★★★

Прва
Класа

Допонително на хотелите со 3* :

·         Рецепција отворена 18 часа, достапна 24 часа на телефон во и вон хотелот
·         Лоби за седење и бар
·         Шведска маса за појадок или мени за појадок во соба
·         Минибар или 24 часовна достапност на пијалоци преку собна послуга
·         Тапациран стол или кауч со маса на страна
·         Бањарка и папучи доколку се побарани
·         Козметички производи (капа за туширање, турпија за нокти, чепкалки за уши), мало огледало, голема фиока во бањата
·         Пристап до интернет
·         “À la carte“-ресторан

★★★★
S

Супериор
Прва класа

Хотелот станува супериор кога првата класа иима докажан квалитет и надор од собите. Сместувачките капацитети нудат дополнителни услуги како сауна или фитнес просторија.

★★★★★

Луксуз

Дополнително на хотелите со 4* :

·         Рецепција отворена 24 часа, мултилингвален персонал
·         Вратар и сервис за паркирање возила
·         Консиерж
·         Голем простор за рецепција со повеќе места за седење и понуда на пијалаци
·         Персонализиран поздрав до секој гостин со свежи цвеќиња во собата или мал подарок
·         Минибар или сервис за пијалоци и храна преку собна послуга во текот на 24 часа
·         Производи за лична хигиена во шишенца
·         Пристап до интернет во собата
·         Сеф во собата
·         Служба за пеглање (враќање на облеката за 1 час), служба за чистење на кондури
·         Секојдневна промена на постелнина

★★★★★ S

Супериор луксуз

Луксузните хотели треба да ги задоволуваат високите очекувања на странските гости. Супериор луксузен хотел се разликува по високото ниво на грижа за гостите.