СОП: Стандардни Оперативни Процедури

од Игор Дамчевски

Во хотелската и ресторанската индустрија каде што добрата и конзистентна услуга е клучот на успехот, Стандардните Операитвни Процедути играат голема улога.

Што се Стандардни Оперативни Процедури – СОП?

Стандардните оперативни процедури се сет на полиси и протоколи на хотелот или ресторанот, кои се во пишана форма што е лесно достапна до сите вработени. Вообичаен СОП се состои од наведени стандарди и процедури кои ги објаснуваат чекорите на справување со задачата. Во процедурите се вклучени сите вработени и нивните задачи на работната позиција.

Целта на СОП на хотелот или ресторанот е да се подобри искуството на гостинот. Стандардните оперативни процедури го прават ова преку тоа што ги едуцираат и обучуваат вработените како да се справат со секоја ситуација на најдобар и најефикасен начин. Доколку работната средина на сите вработени е конзистентна и осмислена од највисокото ниво на менаџментот, хотелите и рестораните ќе осигурраат позитивна средина за гостите.

Во компетитивната индустрија на хотелите и рестораните, стандардните оперативни процедури помагаат во остварувањето на ветувањата направени во рекламниот материјал и маркетингот. СОП обезбедува постојана услуга на исто ниво секој пат кога гостинот повторно ќе го посети објектот.

Стандарните опреативни процедури се прават во долг временски период, бидејќи е потребно нивно тестирање и евалуација со цел да бидат успешни. Во хотелската индустрија, најголем успех имаат СОП кога се практикуваат додека се подготвуваат.