fbpx

Безбедноста на гостите секогаш на прво место

од Игор Дамчевски
Безбедноста на гостите секогаш на прво место

Кога управувате со хотел, постојат безброј предизвици со кои треба да се справувате на дневна основа. Прво, во зависност од пазарот на кој се натпреварувате со конкуренцијата, има различни начини на кои можете да издвоите од останатите хотели. Тоа значи дека ќе мора добро да се запознаете со тоа што функционира кај другите објекти, кои им се слаби, а кои силни страни во работењето.

Мора да разберете која е вашата целна група и да смислите начин како најисплатливо да работи вашиот хотел. Откривањето на вашата специфична продажна точка (или USP – Unique Selling Point), или со други зборови што е тоа што ве издвојува од останатите, е клучот за успех. Сепак, еден аспект кој мора да биде исто важен за секој хотел е безбедноста. Безбедноста на вашите гости е најважна за вашиот бизнис. Во продолжение ќе разгледаме кои се најчестите безбедносни ризици и како правилно може да го заштитите вашиот хотел:

Струја

Квалитетно изведената електрична инсталација е клучен фактор за секој кој работи, или планира да работи хотел или друг сместуачки капацитет. Тоа е затоа што, бидејќи вашиот бизнис постојано работи, вашите електрилни системи се во констанна фаза на оптоварување. Препорачлива е редовна проверка од страна на квалификуван електричар, која ќе ве осигура дека електричната мрежа и електричните апарати во секоја соба се соодветни за употреба.

Вие го ограничувате ризикот од електричен удар, пожари и несреќи со редовно спроведување на овие проверки, со што се ќе ги избегнете несреќите на работното место за вашите вработени – нешто што е дури и законска обврска.

Гас

Како кај електричната мрежа, така и кај гасоводната инсталација во хотелот мора да биде предмет на редовна проверка. Од истите причини како кај електричните инсталации и гасоводната мрежа треба да биде соодветно инсталирана и безбедна за користење. Само на тој начин ќе превенирате несакани ситуации и опасност при работењето.

Покрај тоа, бидете сигурни дека ќе обезбедите обука на членовите на персоналот за тоа како безбедно да се користат било сите апарати на гас. Исто така, треба да им покажете како во текот на работењето да извршат визуелна проверка, со што ќе можат да забележат очигледни потенцијални проблеми во инсталацијата, како оштетени цевки, црева, дефектни вентили или неисправни кујнски апарати. Додека сите нови инсталации мора да бидат спроведени од фирма која е сертифицирана за монтажа на гасоводни инсталации, секој може да смени боца или гас доколку знае како.

Исто така, од суштинско значење се јаглерод моноксид и диоксидни аларми. Овие аларми може да алармираат за било каков проблем и да ви помогнат да избегнете евентуална катастрофа. Тие треба да алармираат штом се премине дозволеното ниво на присуство на гас во просторијата и веднаш да го сопрат дотокот на гас во инсталацијата.

Униформи за персоналот

Иако ова веројатно изгледа како да не треба да се спомнува во овој контекст, секој вработен мора да има соодветна униформа. Тоа не само што изгледа професионално, но исто така им дава на гостите јасна претстава за тоа кај кого можат да се обратат. Дополнително, соодветната униформа укажува каде му е соодветната работна позиција на секој вработен во текот на работата. Особено при директна интеракција со гостите, знаејќи кои се членови на персоналот е од суштинско значење. Тоа само покажува дека вашиот хотел ги запазува соодветните процетури за работа, што влева доверба кај гостите дека во случај на несакана ситуација, вработените исто така ќе ги следат безбедносните процедури кои им се зададени.

План за управување со ризици

Вашиот тим мора да знае каква е нивната улога во случај на вонредна состојба. Состаноци со службите за итна помош треба да бидат редовно закажувани, со цел добра комуникација, треба да бидат дел од планот за управување со ризици и справување со несреќи. Притоа, потребно е да го обучите вашиот персонал како да се однесува и кои се процедурите во кризни ситуации, соодветно на нивниот вид.

Безбедносни камери

Спротивно од општото менние, сигурносните камери во хотелите всушност само го зајакнуваат чувството на безбедност кај гостите. Модерните системи за надзор се одличен начин за следење на вашиот хотел и дури и кога не сте во самиот објект. Одредени системи, исто така, доаѓаат со опција за гласовна команда, што значи дека ако забележите погрешно работење, можете брзо да ги предупредите вработените. Ова можеби е малку необичен пристап, но добро е да се знае дека постои како можност.

Лични податоди

Физичката безбедност на вашите гости не треба да биде ваш единствен фокус. Хотелите се почесто стануваат цел на сајбер напади. Според светските статистики, туристичката индустрија има втор најголем број на прекршувања во сајбер-безбедноста, при што многу истакнати хотели во индустријата беа мета на напади во изминатите неколку години.

Намалете го овој ризик со редовно ажурирање на системите. Исто така, архивирањето на вашите податоци (backup) треба да стане рутина, така што можете да го елиминирате ризикот од губење или неповратно оштетување. Препорачаната стратегија е да користите дополнителни бази за складирање на податоците онлајн, да да правите неделни, квартални и годишни резервни копии на серверите кои ги користите.

Исто како што е случај со вашите лични уреди, безбедноста на лозинките кај кориниците на системот за хотелско работење е исто така важна. Менувајте ги често, а особено кога член на персоналот заминува од работното место, со што ќе избегне можни упади во системот.

Безбедноста на гостите во туристичката индустрија е исклучително важна. Затоа, од суштинско значење е да се придржуваме кон следење на пропишаните стандарди. Горенаведените чекори треба да ви дадат јасна претстава како во основа да се грижите за безбеноста на вашите гости и да имате репутација на безбеден хотел.