fbpx

Завршена ревизијата на новиот европски правилник за категоризација

од Игор Дамчевски
Завршена ревизијата на новиот европски правилник за категоризација

Завршена е последната ревизијата на европскиот правилник на критериуми за категоризација на хотели, што се одвива на секои пет до шест години, од страна на европската асоцијација на хотели – Hotelstars.

“Работевме многу интензивно на овој процес и постигнавме брз напредок за да можеме да го усвоиме новиот правилник за прелиминарни критериуми. Резултатот е ажуриран и флексибилен систем кој се фокусира на функцијата зад секој критериум, а не само на техничките аспекти. Обезбедува квалитет на услугата за гостинот, но исто така ги исполнува и специфичните барања на модерниот технолошки развој и истовремено се осврнова кон концептот на одржливост. Ние ги охрабруваме хотелите да преземаат доброволни иницијативи, како што се станици за полнење на електрични возила или етикети за одржливост и сертификати. Исто така, ги сфативме многу сериозно аспектите на животната средина, особено во однос на намалувањето на отпадот и усогласеноста со Европската директива за пластика за еднократна употреба.” – истакна Јенс Зимер Кристенсен, претседателот на Hotelstars.

Овој правилник, во следниот период, ќе биде темелно тестиран на терен за да се утврди дали ги исполнува сите очекувани барања на европската хотелиерска заедница. Новите поставени критериуми, кои се намалени од 270 на 250 точки, ќе се применуваат од 1 јануари 2020 година, при што земјите-членки ќе имаат време да ја спроведат новата категоризација најдоцна до 1 јануари 2021 година.

“Со овој нов правилник за класификација, ја постигнавме нашата цел да ги поедноставиме критериумите и да создадеме уште поголема флексибилност и транспарентност. Ги адаптиравме кон нови концепти за да не би одговориле на трендовите кај современите хотели што се појавуваат. Но, истовремено ги заштитуваме и потребите на традиционалните хотели. Пристапивме кон балансирање на желбите и потребите во процесот на ревизија, за да им дадеме на можност на сите хотели – од оние со една до пет ѕвезди, континуирано да се надградуваат врз овие критериуми во текот на следните пет до шест години.” – истакнуваат од унијата, заклучувајќи дека деталите за новите критериуми и нивните резултати ќе бидат објавени по фазата на тестирање.

Слични написи