fbpx

Карактеристики кои треба да ги поседува вашиот Booking Engine

од Игор Дамчевски
Карактеристики кои треба да ги поседува вашиот Booking Engine

Системот за прифаќање на резервации преку интернет или т.н. Booking Еngine претставува софтверски модул кој им овозможува на хотелите да добијат резервации директно од нивните веб-страници. Постојат многу значајни придобивки за хотелите кои ќе имплементираат ваков систем за резервации на нивната веб-страница.

Најпрво, следењето на тековните технолошки трандови кај потенцијалните гости остава добар впечаток за имиџот и квалитетот на брендот на хотелот. Колку е подобар системот за резервации, толку повеќе придонесува за брендната вредност и квалитетот на хотелот. Друга карактеристика на на системот за резервации е ниската стапка на провизија. Хотелиерите не плаќаат провизја ако хотелите добиваат резервации директно од нивната интернет страница. Пример за квалитетен и сеопфатен систем за резервации е Reseliva Booking Engine

Ви наведуваме некои од карактеристиките кои би требало да ги барате кај производителите на ваквите ситеми:

Голема поддршка на различни јазици

Многу е вашно гостите да можат да резервираат на јазик кој го говорат или разбиртаат. Решението на Reseliva поддржува 25 различни јазици.

Погодни средства за плаќање

Исто така важно е на гостите да им понудите повеќе опции за плаќање. Reseliva Booking Engine им нуди на гостите лесно плаќање, переку кредитна картичка, PayPal или банкарски трансфер. Гостите можат веднаш да ги видат цените на собите во 25 различни валути.

Бесплатни интеграции

Лесната и бесплатна инсталација на системите за резервирање преку интернет на веб-страница на хотели, интеграцијата на Google Analytics (статистика на посетители), интеграција на TripAdvisor, како и инсталација на апликации за резервации преку Фејсбук се задолжителни карактеристики денес.

Повеќејазични автоматски пораки

Комуникацијата со гостите е најважна. Автоматските пораки преку email треба да може да им бидат испратени на избраниот јазик за резервација. Reseliva ја нуди таа опција бесплатно со нивниот систем.

Продажба на дополнителни услуги

Дополнителен профит, освен од резервацијата на собите може да се направи продаваат со дополнителна услуга (трансфер, турнеја, храна и сл.) уште при самата резервација. Различни дополнителни услуги може да се дефинираат за различни соби, додека одредена бесплатна дополнителна услуга може да се дефинира врз основа на должината на престојот на гостите, како дополнителен мотив тие да резервираат директно на вашиот сајт.

Следење на ривјуата од гостите

Со користење на квалитетен систем, секој гостин може да остави коментар или рецензија автоматски. Коментарите можат да бидат одговорени преку системот, додека избраните коментари и оценки можат да бидат веднаш објавени на веб-страницата на хотелот.

Функционален хотелски CRM

Модерните системи се поврзуваат директно со базата на податоци за гости и групи, со цел да се направат специјални промоции за гостински групи, идентификација на цени и прилагодување на понудите засновани врз минати информации.

Флексибилно поставување цени

Хотелиерите може да се создадат различни форми и пакети на продажба. Истата просторија може да се продава по различни цени со различни пакети. Политиките за резервација можат да се разликуваат за секој канал на продажба. Различни дополнителни услуги може да се додадат на моделите на продажба и моделите на продажба може да се активираат за одредени датуми. Може да бидат подготвени флексибилни методи за цени по лице, фиксна цена или променлива цена. Различни цени може да се дефинираат за различни возрасни групи и форми на продажба за возрасни групи на деца. Има фиксни, дневни цени за лица по дополнителни услуги.

Овој принцип на работа треба да може да се преслика и на интернет страницата на хотелот каде продажбата е најефикасна, а тоа ви го овозможува системот за резервации.

Промоции и понуди

При продажбата, во различни периоди од сезоната, може да се понудат различни промоции. Системот треба да се способен да ги информира потенцијалните гости за истите и да ги мотивира да направат резервација. Промоциите преку Reseliva може да се прилагодат за секоја соба и налин на продажба, во различни денови од неделата.

Интеграција со PMS системи

Потребно е системот за резервација да може комплетно да се интегрира со т.н. PMS системи или системи за хотелско работење; да може да се потврди или резервација, да се следат плаќањата и да се изготват детални извештаи за резервации преку интернет. Исто така да може да се врши детално филтрирање и пребарување со резервациите, како и да може да се припреми листа на резервации за преземање и понатамошна обработка со други системи. Reseliva Booking Engine е решение кое ви ги нуди сите овие погодности, со беспрекорна техничка и корисничка поддршка.

Динамички и модерни интерфејси

Се разбира, изгледот на самиот систем треба да се претопи во изгледот на самата интернет страница и да ја следи тематиката на хотескиот бренд. Интерфејсот задолжително да одговара на различни уреди и ширина на екранот и да биде лесно достапен со сите свои функции преку мобилни уреди.


Овој напис е поддржан од нашите пријатели во Reseliva
За повеќе информации: +90 850 885 1052

Слични написи