10 години HotelStars – Европска унија на хотелски здруженија

од Игор Дамчевски

Пред точно 10 години, во Прага беше направена важна пресвртница за унифицирање на хотелските категории во Европа: Хотелските здруженија од Австрија, Чешка, Германија, Унгарија, Холандија, Шведска и Швајцарија ја основаа Унијата HotelStars (HSU), под покровителство на HOTREC – Унијата на хотели, ресторани и кафулиња во Европа. Заедничкиот производ на ова здружение е усогласен каталог на критериуми за класификација на хотелите со цел да се понуди поголема транспарентност и безбедност за гостите и хотелиерите.

Покрај седумте основачки земји, HotelStars денес членки ги има и Белгија, Данска, Естонија, Грција, Летонија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Словенија и Малта.

Унифицираниот правилник за категоризација е многу добар пример за успешна иницијатива од секторот во целост. Неговата широка примена низ цела Европа им нуди на гостите од целиот свет јасна споредба на понудата за сместување во Европа. Сега имаме вкупно 22.000 класифицирани хотели или над 1,2 милиони класифицирани простории во нашите земји-членки. – вели сегашниот претседател на HotelStars, Јенс Зимер Кристенсен.

Покрај 17-те членки на HotelStars, осум земји моментно имаат статус на набљудувач: Азербејџан, Франција, Грузија, Ирска, Италија, Полска, Словачка и Шпанија. Овие земји немаат право на глас, но можат да ги следат состаноците на HotelStars за да го запознаат системот и неговите цели. Со Франција, Италија и Шпанија, HotelStars има многу важни партнери кои имаат интегрална улога во туризмот во Европа и во целиот свет. Азербејџан и Грузија се примери за тоа колку е привлечен хармонизираниот систем на класификација дури и надвор од границите на ЕУ.

Европските институции, исто така, ја препознаа важноста на системот за класификација на HotelStars за конкурентноста и развојот на европскиот туризам. Во својата “Резолуција од 29 октомври 2015 година за нови предизвици и концепти за промовирање на туризмот во Европа”, Европскиот парламент ги повикува Комисијата и земјите-членки да ја промовираат понатаму иницијативата на Унијата HotelStars со што ќе се овозможи подобра споредба на понудата за сместување во Европа и придонесува за заеднички критериуми за квалитет на услугата. Оваа поддршка е од огромно значење, бидејќи униформите европски стандарди подготвени од јавните власти не би ја постигнале целта. Бидејќи категоризацијагта на хотелите се засноваат на оперативна пракса, системот се базира на објективност и сигурност и нуди јасна претстава за квалитетот, како за гостинот така и за самиот хотел. Меѓународно споредните критериуми го зајакнуваат угледот на хотелите.

Поради многуте платформи за резервации и рејтинг преку интернет, важно е да се прошири системот за класификација на HotelStars низ цела Европа. Унијата на веќе ги пласира официјалните правилници за категоризација, достапни за пошиороката јавност, со цел да се зајакне комуникацијата за компаниите. Подигањето на свеста за платформите за резервација и рангирање, како и другите даватели на податоци ќе продолжат да бидат важен дел од работата во иднина со цел да се спроведат официјалните хотелски категории на нивните платформи.

Нашиот најголем приоритет за следните 10 години мора да биде натамошно зајакнување и промовирање на системот HSU како европски бренд за транспарентна и сигурна хотелска класификација. Бидејќи HSU не само што го поддржува квалитетот на услугите на Европа како дестинација за патување, пред сè ги зајакнува малите семејни бизниси со нивната меѓународна конкуренција. – заклучува Јенс Зимер Кристенсен

Прирачник за хотели во пресрет на најавеното олеснување на мерките против Коронавирусот

Во соработка со Regent Hospitality Consulting
Информирајте се како правилно да го припремите вашиот објект за ефикасно справување со COVID-19
ПРЕЗЕМИ ГО ПРИРАЧНИКОТ
* Според препораките на Светската Здравствена Организација
close-link