Тркалезна маса: “Стратешки развој на туризмот и угостителството за поголеми економски ефекти”

од Игор Дамчевски

Стопанската комора на Македонија, согласно интересите и барањата на своите членки, како една од клучните определби го поставува и прашањето за активно вклучување на бизнис-заедницата во процесот на креирање политики, како и искажување на интересите на членките на Комората пред надлежните државни органи и институции, посебно во подготвувањето на стопанското законодавство, мерките и механизмите за деловното функционирање и подршка на бизнис секторот.

Целта на одржувањето на Тркалезната маса беше преку дијалог да се отвори дебата за ефектите од досега преземените мерки како и чекорите кои треба да бидат направени за стимулирање на развој на дејноста во насока на постигнување поголеми економски ефекти, тргнувајќи од светскиот тренд на една од најбрзо растечките гранки и согласно големиот развоен потенцијал на дејноста угостителство и туризам.

На денешната тркалезна маса, збор земаа главните говорници од угостителско-туристичката фела, како и други чинители и поддржувачи на туризмот:

  • Соња Бибановска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Мaкедонија
  • Горан Дамчевски, заменик претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Мaкедонија
  • Славе Сирачески, заменик претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Мaкедонија;
  • Зоран Павловски, државен секретар во министерството за економија
  • Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот; 
  • Антонија Шишак, директор на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран со дотација од Европската унија (ИПА 2), подржан ос Светската Банка; 
  • Елена Младеновска-Јеленковиќ, Здружение на Вина на Македонија; 
  • Беким Хаџиу, раководител на секторот за туризам и угостителство при министерството за економија 

Како главни точки на дискусија, предложено беше во иднина да се разгледуваат потребата од формирање совет за туризам, недостигот на релевантни статистички податоци и постоечките проблеми во законската регулатива за спроведување на одредени сегменти од донесените стратешки документи за развој на туризмот во нашата земја, како и соработката со локалната самоуправа.

Дополнително, чинителите во реалниот сектор од областа на угостителството и туризмот, ја изразија својата загриженост околу принципите и начинот на изготвување на досегашните стратегии за туризам, како и резултатите од спроведувањето на истите, вклучувајќи ги и проектите поддржани од надворешни финансиски фондови кои произлегуваат од донесените стратешките документи.

Исто така, агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги изнесе своите планови за промоција на туристичката понуда во странски земји, наведувајќи ги каналите и буџетот предвиден за следната година.

Прирачник за хотели во пресрет на најавеното олеснување на мерките против Коронавирусот

Во соработка со Regent Hospitality Consulting
Информирајте се како правилно да го припремите вашиот објект за ефикасно справување со COVID-19
ПРЕЗЕМИ ГО ПРИРАЧНИКОТ
* Според препораките на Светската Здравствена Организација
close-link